Историјат

Краток историјат за ФК Овче Поле –Свети Николе

 

ФК „Овче Поле“ Свети Николе е формирано како клуб далечната 1924/1925, но како официјален датум е прифатен да биде 1925 година, и се етаблира како еден од најстарите клубови во Република Македонија. Клубот го формирале и за него се грижеле локалните трговци и занаетчии односно градскиот еснаф. Фудбалот како игра бил прифатен со огромно задоволство од месното население во општина Свети Николе, кое го доживувало како игра специфична за градската средина, и преку фудбалската игра се изразувала и културата на живеење на населението.

На самиот почеток се играло на природно создадени пољани во м. в. Суво поле, и др. но како се развивал фудбалот и како станувал се поорганизиран се јавила потреба од изградба на современ стадион кој ќе ги овозможи сите услови за играње на фудбал.

Градскиот стадион е изграден во далечната 1965 година од општина Свети Николе помогната од локалните претпријатија, и со неговата изградба започнува вистинска ренесанса на ФК „Овче Поле“ Свети Николе кој во наредните години ги постигнува и своите најголеми успеси, а тоа се играње на фудбал во првата Македонска лига и во натпреварувачката 1970/71 година освојувањето на прво место во есенскиот дел на првенството.

Поголеми имиња од таа генерација се: Панче Коцев, Ратко Миланов, Ване Стоилев, Благој Мишев, Лазо Андроников и др. ФК „Овче Поле“ Свети Николе има и играчи кои поникнувајќи од него постигнале многу во своите кариери некои од нив се: Гордан Здравков шампион на поранешна СФРЈ со ФК „Вардар“ од Скопје и учесник во лига на шампионите и интернационалец, Роберт Петров репрезентативец на Македонија и интернационалец, Ангел Ефремов голман на ФК „Вардар“ од Скопје, Андреј Ефремов голман на ФК „Металург“, ФК „Работнички“ Скопје и младински репрезентативец на Македонија и др.

Во клубот во минатото работела младинска школа која се грижела за индината на фудбалот во нашиот град, но една од најважните придобивки било и тоа што општина Свети Николе доживувала постојана промоција преку фудбалскиот клуб „Овче Поле“.

logo_fk_ovce_pole